КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПЛАЧОТ НА ПЧЕЛИТЕ –НАША РЕАЛНОСТ
На 15.11.2019 година, во нашето училиште ОУ “Ѓорѓи Сугарев”-Битола се одржа едукативна работилница на теми: “КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ – НАША РЕАЛНОСТ” и “ЗАШТИТИ ГИ ПЧЕЛИТЕ, СПАСИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА”. Организатори на средбата беа Здруженија на граѓани ДО Молика и Симбиоза Линкести од Битола.
Во склоп на проектните активности на ден 22.11.2019 година беше одржан и ликовен натпревар во училиштето, на тема: “КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПЛАЧОТ НА ПЧЕЛИТЕ –НАША РЕАЛНОСТ”, при што следуваше наградување на ликовните творби и доделување на благодарници и беџови. Ликовните творби ќе бидат презентирани на ликовна изложба во почетокот на 2020 година, која ќе биде организирана од страна на “LEAF Organisation”- Јапонија.
Настанот е поддржан од Општина Битола – Програма за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации 2019 година.
ВО ПЕХЧЕВО ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЖАЛФИЈА – ЛЕК ЗА ВЕК“
Во Пехчево денес се одржа инфо средба за презентација на резултатите од проектот „Жалфија – Лек за век“. Проектот го реализира Движењето за околината „Молика Дом“ од Битола во соработка со еколошкото здружение „Кладенец“ од Пехчево. Целта според Петар Андонов од здружението „Молика Дом“ е поттикнување на одгледувањето на жалфија во Малешевскиот регион. -Целта на овој проект е да мотивираме дел од младата популација во двата региона Пелагонсикиот регион и Малешевскиот регион да почнат со одгледување на жалфијата која сметаме дека е една од оние видови ароматични лековити и медицински растенија која може да донесе дополнителен пригход во семејствата. Активностите се спроведуваа со млади од три села во Пелагонискиот регион и три села во Пехчевскиот регион на кои им беше доставено семенски материјал од жалфија, беа засадени одредени површини како расад и во делот на овој период кој следи ќе треба тој расад да се засее на поголеми површини, инфомира Андонов.
Заедничкото гледиште на здруженијата „Молика Дом“ и „Кладенец“ е проектот да продолжи понатаму со вклучување на бизнис секторот. -Бизнис секторот на некој начин би бил наш партнер преку вршење откуп на оваа суровина како прозивод со што идејата би била одржлива. Одржливоста ја планираме на тој начин што ќе создадеме еден вид задруга. која ќе има можност да одреди поголема количина на жалфија и одредена заштитна цена, додаде Андонов.