СИМБИОТСКИ МРЕЖИ ЗА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНСКИ ОТПАД – СИМБИОЗА
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија и двете земји учеснички во рамките на Првиот повик на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Македонија 2014-2020.
Главна цел на проектот е да се воспостави интегрирано, одржливо, управување со био отад и трговска шема помеѓу партнерските региони на Западна Македонија во Грција (поранешна перфектура на Флорина) и општинските области на Битола и Новаци во Република Северна Македонија, притоа следејќи го концептот на индустриска симбиоза. Проектот СИМБИОЗА ќе развие симбиотски мрежи кои ги спојуваат компаниите и засегнатите страни од сите бизнис сектори, со цел да се подобри прекуграничната ефикасност на ресурси преку тргување со материјали и споделување средства на еколошки одржлив начин.
Буџет: 898.858,33 €
Времетраење: 24 месеци
Датум на потпишување на Договорот: 09/05/2018
Проектот СИМБИОЗА промовира повторно производство, повторна употреба и рециклирање, и го трансформира отпадот на една индустрија во суровина и/или гориво на друга, за да го отвори патот за подобра циркуларна економија на регионите, каде отпадот е елиминиран и ресурсите се користат на ефикасен и одржлив начин. Директните корисници на проектот СИМБИОЗА ќе бидат “производители” и “корисници” на био-отпад кои вклучуваат голем број компании и агро-индустрии во прекуграничната област. Заедничката платформа на проектот СИМБИОЗА ќе ја усогласи “понудата” со “побарувачката” на био отпадот создавајќи синергии и деловни можности кои обезбедуваат ново решение за експлоатација на био-отпад. Целта е вистинското усогласување на тие компании и склучувањето договори за соработка меѓу нив. Покрај тоа, локалните власти одговорни за управување со отпадот ќе спроведат пилот-тестирање за експлоатација на урбаниот и агро-отпадот и ќе ги развијат своите акциони планови за управување со био-отпад и третман на истиот. Последно, но не и најмалку важно, експертите ќе спроведат студии за влијанието на проектот врз животната средина и економијата во регионите учесници во проектот.
Главната цел на проектот е да се воспостави интегрирана, одржлива шема за управување со био-отпадот и трговија помеѓу регионите партнери на Западна Македонија во Грција (поранешен префект на Флорина) и општинските области на Битола и Новаци во Република Северна Македонија притоа следeјќи го концептот на индустриска симбиоза. Проектот СИМБИОЗА ќе развие симбиотски мрежи кои ги спојуваат компаниите и засегнатите страни од сите деловни сектори, со цел да се подобри меѓуиндустриската ефикасност на ресурсите преку тргување со материјали и споделување на средствата на еколошки одржлив начин.
Планирањето и инфраструктурите за регионален развој, како и услугите за усогласување и искористување се клучните средства во проектот СИМБИОЗА за поставување на ефективни синџири за снабдување со биомаса.
ПАРТНЕРИ
Јавно претпријатие КОМУНАЛЕЦ Битола (Водечки партнер)
Public Enterprise KOMUNALEC Bitola (Overall Lead Partner)
http://www.komunalecbt.com.mk/
Управување со отпад за Западна Македнија DIADYMA SA Грција (Партнер)
Waste Management of Western Macedonia DIADYMA SA Greece (Partner)
http://www.diadyma.gr
Јавно претпријатие за комунални работи КОМУНАЛНА ХИГИЕНА Новаци (Партнер)
Public Enterprise for communal works KOMUNALNA HIGIENA Novaci (Partner)
InnoPolis – Центар за иновации и култура Грција (Партнер)
InnoPolis – Centre for Innovation and Culture Greece (Partner)
http://www.innopolis.org
Движење за околината МОЛИКА ДОМ Битола (Партнер)
Movement for Environment MOLIKA DOM Bitola (Partner)
http://www.molika.mk
Национален Технички Универзитет во Атина Грција (Партнер)
National Technical University in Athens Greece (Partner)
http://www.ntua.gr/en/